Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Барселона се засили со Џабари Паркер

Барселона се засили со Џабари Паркер
300x250 opst2

Поранешниот втор пик на драфтот, Џабари Паркер потпиша договор за една сезона со Барселона.

dobivaj vesti na viber

Американецот игра на позицијата крилен центар и во Барселона доаѓа како замена за Никола Миротиќ.

Во 2014 година, Милвоки Бакс го земаа како втор пик на драфтот. Третата сезона во Милвоки му беше најдобра во НБА кариерата, кога во просек имаше 20 поени по натпревар. Кога му истекуваше договорот, тој се пресели во Чикаго, потоа беше разменет во Вашингтон заедно со Боби Портис, а во 2019 година потпиша договор со Атланта. Потоа беше трејдуван во Сакраменто, а во 2021 година беше во Бостон.

Во јануари 2022 година остана без договор. 18 месеци подоцна тој реши да се пресели во Европа.

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион