Утрински Весник
Спорт

Нојер повторно опериран

Нојер повторно опериран

На голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер со операција му биле отстранети металните импланти од ногата, која ги скрши на скијање на крајот на минатата година.

dobivaj vesti na viber

Баерн денеска соопшти дека операцијата била извршена ден претходно, како планиран дел од лекувањето на Нојер.

„Капитенот на Баерн веднаш ја продолжи рехабилитацијата“, се вели во соопштението. Клубот не прецизираше кога Нојер ќе се врати во тимот.

Нојер ја скрши ногата на скијање во декември и не отиде на претсезонската турнеја во Јапонија и Сингапур. Наместо тоа, Јан Зомер и Свен Улрих ги споделија минутите. Зомер и покрај тоа што бранеше на подготовките го напушта клубот и се сели во Интер.

Баерн поради тоа мора да донесе нов голман. Според шпекулациите на медиуми прв избор е голманот на Севилја, Јасин Бону.

Првиот натпревар во новата сезона Баерн ќе го одигра в сабота против Лајпциг, во германскиот Суперкуп.

Тимот од Минхен ќе ја започне одбраната на титулата во Бундеслигата на 18. август со натпреварот против Вердер Бремен.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност