Утрински Весник
Македонија

На бонбона бизнисите им нема крај: директорот на штаб на ДПМНЕ „награден“ со 18,5 милиони денари за две години, велат од Левица

На бонбона бизнисите им нема крај: директорот на штаб на ДПМНЕ „награден“ со 18,5 милиони денари за две години, велат од Левица

Општините каде што се на власт кадрите на ДПМНЕ се претворени во цицачи за финансирање на функционерите и елитата во друштво на Мицкоски, обвинува Левица.

dobivaj vesti na viber

„Новоназначените лица од Мицкоски кои секојдневно пропагираат борба против криминалот и корупцијата во државава, за делење тендери и крадење на нашите народни пари зборуваат во прво лице, бидејќи и самите тие, како и оние кои ги осудуваат во јавност, си оствариле огромен сопствен бенефит. Имено, вкупно 18.053.858,5 денари градоначалниците на само две општини му подариле на директорот на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски, поточно неговата компанија Сити Логистикс“, велат од Левица.

„Ова е уште еден еклатантен пример како човекот кој секојдневно се појавуваше на прес-конференции, зборуваше за паразити кои ја празнат државната каса, тргнал и тој самиот по истиот пат и тоа не од сега, туку веќе пред некоја година.

Во општина Гази Баба е склучен Договор за реконструкција на објект Трубарево – втора фаза меѓу ЈКП Гази Баба и Сити Логистикс, на ден 21.02.2023 година во вредност од 5.000.001,02 денари. Потпишан е од в.д. директорот Игор Атанасовски. Дополнително, уште еден Договор за реконструкција на објект меѓу ЈКП Гази Баба и Сити логистикс е склучен на ден 05.12.2022 година во вредност од 4.800.013,44 денари. Овој договор е исто така потпишан од в.д. директорот Игор Атанасовски. Тоа се вкупно од Гази Баба 9.800.014,46 денари. Томовски и претходно бил мотивиран за својата работа во партијата и тоа токму од неговиот лидер, Мицкоски“, се вели во соопштението на Левица.

„Со потпис на Хистијан Мицкоски, Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ бил избран за Управител на ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ Скопје во 2017 година. Само од плати во тој период Томовски добивал над 2 милиони денари или над 30.000 евра. Компанијата Сити Логистикс и тогаш не била оставена на цедило бидејќи како тогашен Управител на ЕЛЕМ Турс, Томовски добивал тендери токму од ЕЛЕМ за чистење на деловните простории каде што еден од тие договори е со вредност од 2 милиони и 600 илјади денари, поточно 42.000 евра. На тој договор потпис имаат ставено управителот Томовски и Мицкоски.

Неколку општини ги одржуваат во живот неколкуте компании кои што се блиски до Мицкоски, останатите општини директно му даваат финансиски инекции, а додека пак централната власт се грижи за сопствените тендери“, се додава во соопштението на Левица.

Можете да прочитате

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче со Претседателката Сиљановска-Давкова

Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати