Брера Струмица го победи Вардар со 1:0 во првото коло од новиот шампионат на Македонија. Георге Јанкулов постигна прекрасен гол во првото полувреме што на крајот се покажа и како решавачки момент на мечот.
Тренерот на Брера Струмица, Џовани Валенти, имаше победничко деби на клупата. Тој е задоволен од триумфот и вели дека можеле да победат и поубедливо.
„Остваривме важен триумф на стартот од првенството против силен тим како што е Вардар. Задоволен сум од изданието на тимот, иако секако има уште многу простор за напредок. Создадовме повеќе шанси и резултатот можеше да биде уште поубедлив во наша корист. Секако, честитки и за фудбалерите на Вардар кои беа тежок противник. Во иднина ќе морам да бидам и повнимателен, во Италија можеби сме навикнати судиите повеќе да нѐ толерираат на клупата. Сепак, ќе се потрудам да не добивам црвени картони“, изјави Џовани Валенти.
Брера Струмица во второто коло повторно ќе биде домаќин и ќе игра против Воска Спорт.
Фото: Брера Струмица