Утрински Весник
Магазин

Вергара со пријателките на концерт на Тејлор Свифт

Вергара со пријателките на концерт на Тејлор Свифт

Неколку недели по разводот од Џо Манганиело, Софија Вергара заблеска и го собра својот женски тим на ноќно опуштање на концертот на Тејлор Свифт во Лос Анџелес.

dobivaj vesti na viber

Откако не е со актерот од „Меџик Мајк“, Софија е опкружена со најблиските пријателки за поддршка и добар провод.

И очигледно, ниту еден настан не може да го направи ова подобро од вечер со Свифт и нејзиниот хит We Are Never Getting Back Together.

Ѕвездата на „Модерна фамилија“ се огласи на Инстаграм за да сподели нови фотографии од концертот.

 

Меѓу другите, на Софија ѝ правеше друштво Анастасија Соаре, сопственичка на познат козметички салон во Беверли Хилс, каде што многу холивудски ѕвезди ги негуваат веѓите, и нејзината ќерка Норвина.

Вергара и Џо Манганиело неодамна објавија дека се разведуваат по седум години брак. Протекоа и детали од нивниот предбрачен договор.

Можете да прочитате

Човештвото чекор поблиску до неограничена чиста енергија

„Плазма“ и „Роса“ ја продолжуваат заедничката иницијатива за да им донесат радост на првачињата

Концертот на Дино Мерлин во Краљево откажан на неколку дена пред настапот