Голманот Јан Зомер и играчот од средниот ред Лазар Самарџиќ утре во Милано ќе ги потпишат договорите со Интер.
Швајцарскиот репрезентативец Зомер (34), во Интер доаѓа како замена за Андре Онана кој се пресели во Манчестер јунајтед. Зомер, вториот дел од минатата сезона го мина во Баерн Минхен. Интер з неговиот трансфер ќе плати шест милиони евра.
Самарџиќ е роден во Германија, но ја прифати понудата од Драган Стојковиќ да игра за сениорската репрезентација на Србија. 21. годишниот фудбаер во Интер доаѓа од Удинезе. Тој со европскиот вице-првак ќе потпише договор до 2028 година.
Интер за Самарџиќ ќе плати 16 милиони евра и во Удине ќе го испрати Џовани Фабијано.