Утрински Весник
Македонија

Гази Баба се сеќава: Седум години од големата поплава во која загинаа 22 луѓе

Гази Баба се сеќава: Седум години од големата поплава во која загинаа 22 луѓе

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, во објава на својата официјална страница на Фејсбук, потсетува дека денес се навршуваат седум години од катастрофалната поплава која во 2016 година ја погоди општина Гази Баба.

dobivaj vesti na viber

Стефковски потсетува дека 22 луѓе ги загубија животите во катастрофалната поплава која во 2016 година ја зафати општина Гази Баба.

– Материјалната штета беше огромна. Домовите на жителите од Стајковци, Сингелиќ и околните населени места беа целосно уништени. Големата количина на вода за миг однесе и разруши се. Кога навидум се беше безнадежно, се роди новата надеж дека ќе дојде подобро утре. Многу општини и градови од Македонија, многу држави од светот ја покажаа својата солидарност и хуманост кон нашата општината и подадоа рака за помош, пишува градоначалникот изразувајќи благодарност до сите што помогнаа во тие тешки моменти.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Ќе има одговорност за состојбата во Гостивар, здравјето на граѓаните е над сѐ

Силно невреме го зафати Дојран

СДСМ: Како сега Мицкоски нема „чувство” кој ја затру водата во Гостивар?