Утрински Весник
Македонија

Времето денеска претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Времето в недела дождливо, на планините и снег

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево и многу топло со засилен југоисточен ветер. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер, во делови од котлината во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 37 степени.

Од утре следува стабилно и посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Можете да прочитате

Стружанец со 2,5 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна, полицијата го приведе

Автомобил се превртел кај Крива Паланка по удар во камен

Арбен Фетаи назначен за специјален пратеник за ЕУ