Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Чаби Алонсо потпиша нов договор со Баер Леверкузен

Чаби Алонсо потпиша нов договор со Баер Леверкузен
300x250 opst2

Баер Леверкузен му го продолжи договорот на тренерот Чаби Алонсо за уште две години, а според новата соработка, Шпанецот ќе остане кај „аспирините“ до 30 јуни 2026 година.

dobivaj vesti na viber

„Многу сум благодарен за довербата што ми ја укажа клубот. Тоа што сме убедени во иста идеја и ист правец во однос на спортските планови гарантира голема блискост и доверба меѓу претставниците на клубот и мене. Ова е многу добра и мирна основа за нашата секојдневна работа. Ова е уште една причина зошто навистина уживам да работам со мојот тим и со сите вработени во Баер Леверкузен. Позитивно гледам на изминатата сезона. Но, јас сакам повеќе, исто како и клубот. Тоа е она на што сега работиме одлучно“, изјави Чаби Алонсо.

Алонсо го презеде Баер Леверкузен во октомври 2022 година. Под негово водство, клубот се стабилизираше и последователно стигна до полуфиналето на Лига Европа и до шестото место во конечниот пласман во Бундеслигата. Се шпекулира и дека Чаби Алонсо е во плановите на Реал Мадрид да го наследи Карло Анчелоти следната година.

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона