Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Собирала донации, но ја измамиле и со нејзини податоци подигнале брзи кредити

ДУИ: Годинава повторно ги зголемуваме минималната плата и пензиите
300x250 opst2

Четириесет и четиригодишна жена од Кочани со живеалиште во Пробиштип вчера во ОВР Пробиштип пријавила дека нејзината лична карта била злоупотребена за подигање брзи кредити. Според пријавеното, на Фејсбук таа ја објавила својата трансакциска сметка за уплата на донација за лекување на член на фамилијата, по што порака на социјалната мрежа ѝ пратило лице кое ја побарало личната карта за да направи донација. По кратко време на сметката ѝ биле исплатени 70.000 денари од две финансиски друштва.

dobivaj vesti na viber

Потоа ѝ се јавило машко лице кое, претставувајќи се како сопственик на фирма, ја известило дека наводно по грешка ѝ била извршена уплата на нејзината сметка.

-Побарало парите да му ги врати, испраќајќи ги по такси возило во Скопје. Таа се посомневала дека е измамена и случајот го пријавила во полиција. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за негово расчистување, наведува Министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии

Во Струга уапсени три лица за нелегален превоз на огревни дрва

ВЛЕН: “Скенерот” што го бара Али Ахмети е се вика Артан нон грата Груби!