Утрински Весник
Свет

Русија воведува затворска казна за оние што ќе ја избегнат воената служба

Русија воведува затворска казна за оние што ќе ја избегнат воената служба

Русија набргу ќе воведе затворски казни за луѓето што избегнуваат да служат воен рок, изјави московски официјален претставник.

dobivaj vesti na viber

Законот, кој официјално ќе ја донесе оваа промена, ќе биде претставен пред државната Дума, долниот дом на рускиот парламент, оваа есен, изјави претседателот на комисијата за одбрана.

Оние што ќе бидат прогласени за виновни се соочуваат со глоба од половина милион рубли или до пет години затвор.

На социјалните мрежи во Русија веќе се појавија шпекулации за нов бран на мобилизација оваа есен. Роднините на веќе мобилизираните се жалат дека треба да се обезбеди ротација на војниците на линијата на фронтот, пишува „Индекс“.

Русија се обидува да натера повеќе мажи да се пријават за да служат во Министерството за одбрана почнувајќи од оваа пролет.

Кабини за пријавување волонтери се поставени во близина на метро-станиците и деловните центри, плакати и огласи со повик за војска се насекаде во Москва.

Претходно оваа недела, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитри Медведев, рече дека оваа година досега се распоредени 231.000 нови војници.

Можете да прочитате

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“