Од техно до тапани, од светски траки до Тоше Проески и Халид Муслимовиќ. Вака изгледаше журката на „Охрид Колинг“ со Салвадор Ганачи кој по вторпат е во Охрид. Одличниот стејџ на организаторите „Авалон“ годинава и остава на публиката впечаток дека е на еден од најдобрите светски фестивали, што би значело дека и „Охрид колинг“ на сигурен чекор да стане таков.
Ганачи освен што е одличен диџеј, ја фрли публиката во транс од самиот старт и доби огромни овации кога рече: „Македонија дали си подготвена?! Не Северна Македонија, туку Македонија, дали си подготвена“.
Од сцената ги прозва сите што се убави, па сите што се фукара (сиромашни), потоа наркоманите, за на крај рака да кренат сите што се сметаат за секси накркомани – по што започна со една од неговите траки „Секси наркоман“.
Саат и половина, а немаше што не се слушна, но и немаше што не се направи од сцената и меѓу публиката. Се лудуваше и на труби, се испраќаа пораки од диџејскиот стејџ.
„…Единствено што е важно сум јас. Запамети, не е важно како ќе се идентификуваш, јас се идентификувам како најдобар. Што мислиш? Јас сум одличен. Не, јас сум се уште безболен. Не, јас сум фантастично, неверојатно. Јас сум перфектно. Јас сум најдобар“, ечеше на „Охрид Колинг“ и следеше скок на сцената.
За завршеток, се пееше „Чија си“ од Тоше Проески и „Није мене душo убило“ од Халид Муслимовиќ.