Утрински Весник
Економија

АФПЗРР: Објавен нов јавен повик за финансиска поддршка на земјоделците

Исплатени се субвенции за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави јавниот повик од ИПАРД II програмата за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

dobivaj vesti na viber

Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.

Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ до 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Краен рок за поднесување на барањата е 18 септември 2023 година.

„Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства по мерка 3” од ИПАРД Програмата 2014-2020 како и „Упатство за корисници на средства по мерка 3” од ИПАРД Програмата 2014-2020, односно Матрицата на промени кон Упатството кои се однесуваат на овој јавен повик, во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020, Упатство за изготвување на Деловен План, и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.

Групите на инвестиции по приоритетни сектори се однесуваат на следниве типови на инвестиции:

Млеко и млечни производи;

Месо и производи од месо ( вклучувајќи јајца и живина);

Овошје и зеленчук (вклучувајќи ги компирите, печурките и легуминозните култури);

Житарици, мелнички продукти и скроб;

Растителни производи и масла и маснотии од животни;

Шира, вино и оцет;

Производство на енергија преку погони за преработка и производи од животни од примарната и секундарната биомаса, со исклучок на биомаса од рибни производи“, се истакнува во соопштението.

Можете да прочитате

Синдикалната минимална кошница во јуни достигна над 64.000 денари

НБРМ очекува годишна просечна инфлација од 3%

Цената на дизелот повторно поскапува од полноќ