Утрински Весник
Македонија

33-годишна жена и малолетник починале во тешка сообраќајна несреќа на патот Крушево – Кривогаштани, три лица повредени

Лажни се пријавите за поставени бомби

Во текот на вчерашниот ден во 17.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Крушево-Кривогаштани, на место викано „Студена вода“, патничко возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(35) од с.Канатларци, прилепско, излетало надвор од коловозот.

dobivaj vesti na viber

По несреќата во Општата болница Прилеп биле пренесени сопатниците Џ.С.(33) од с.Канатларци, која во болницата им подлегнала на повредите, и малолетен сопатник кој бил препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, но при транспортот починал, а смрт констатирал лекар.

Додека со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште двајца малолетни сопатници. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крушево.

Можете да прочитате

ТДП реагира на лидерската средба: Власта го заборава мултиетничкиот карактер на државата

Замрзната имиграцијата кон САД од Македонија и уште 74 земји

СДСМ: САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија