Утрински Весник
Свет

Во рација во Рио де Жанеиро девет лица загинаа, двајца полицајци се ранети

Во рација во Рио де Жанеиро девет лица загинаа, двајца полицајци се ранети

Девет лица загинаа, а двајца полицајци се ранети во престрелка за време на полициска рација во фавела во Рио де Жанеиро.

dobivaj vesti na viber

Најпрво пукале осомничените криминалци во населбата Вила Крузеиро, при што биле повредени полицајците, кои возвратиле.

Претходниот ден 16 лица беа убиени во полициска операција во крајбрежниот град Гуаруа во соседната држава Сао Паоло, што е најголем број жртви убиени во рации од 2006 година во таа држава.

Протестите поради полициската бруталност во бразилските фавели доведоа до воведување полициски камери во одредени држави, особено во Сао Паоло, а бројот на убиства од полицајци во Сао Паоло падна на 256 во 2022 година, што е намалување за 61 отсто од 2020 година, пред да бидат воведени камерите.

Можете да прочитате

Украински дронови нападнаа руско пристаниште во Балтикот

Нов руски напад врз Киев, најмалку седум загинати

Бројот на загинати во поплавите во Непал и Кина надмина 1000 лица