Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Оваа власт пропушти толку многу подадени раце од нас

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Ковачевски и Арсовска да се извини што ги навредија приватните превозници нарекувајќи ги „багра“

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ велат дека сега народот  е сплотен цврсто и бара силно национално единство зад националните и државните интереси.

dobivaj vesti na viber

„Власта е таа која што го игнорира својот народ, го понижува и се обидува да го раздели. Насилните обиди на власта да направи уставни измени удираат во ѕид. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи уставни измени под бугарски диктат кои немаат врска со Копенхашките критериуми и се газење на достоинството на својот народ“, велат од партијата.

Според нив, Македонија бара фер шанса како и сите останати земји кои пристапувале кон ЕУ, а не преговори обременети со историски наративи и притисоци.

„Македонија бара институционални европски гаранции дека европскиот пат ќе биде предвидлив, а не подвижна цел која постојано ќе ни бега заради апсурдни ретроградни барања на Бугарија. Оваа власт за жал ниту кога преговараше, ниту кога прифаќаше не изгради национален и државен консензус. Сега сака тоа да го наметне како свршен чин кој Македонија треба да го прифати. Оваа власт пропушти толку многу подадени раце од ВМРО-ДПМНЕ. Пропушти толку шанси да избори подобри позиции за Македонија. Сега преостанува само што побрзо да го стават ова прашање на пленарна седница и да се соочат со реалноста дека немаат ниту мнозинство. После тоа следен логичен чекор ќе бидат избори“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ,

 

Можете да прочитате

Фасцинантната змија-рибарка од Голем Град „доаѓа“ утре пред скопската публика во Кинотека

Изгаснат пожарот што вчера гореше кај Охрид

„Држи се за мене” во режија на Мирсини Ариститиду награден за најдобар филм на 5. издание на „Преку езерото”