Утрински Весник
Спорт

Нов „земјотрес“ во Евролигата: НБА ѕвезда пред потпис со Олимпија Милано

Нов „земјотрес“ во Евролигата: НБА ѕвезда пред потпис со Олимпија Милано

На повидок е можеби најголемата трансферна „бомба“ во историјата на европската кошарка. НБА ѕвездата Џон Вол ќе се пресели во Евролигата.

dobivaj vesti na viber

Како што објави специјализираниот кошаркарски портал „BasketNews“, повикувајќи се на свои извори, Џон Вол наскоро би можел да стане нов член на Олимпија Милано.

Бидејќи и Никола Миротиќ е блиску до потпис во тој клуб, јасно е дека избраниците на Еторе Месина преку ноќ би станале главен кандидат за титулата европски првак.

Американскиот плејмејкер во својата кариера настапуваше за Вашингтон, Хјустон и за Лос Анџелес Клиперс, а досега заработи вкупно 276.580.866 долари.

Пред проблемите со повредите, Џон Вол беше еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата.

Тој е петкратен ол-стар играч, беше во вториот најдобар одбранбен тим во НБА и победи на натпреварувањето во забивање во 2014 година.

 

 

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ