Утрински Весник
Спорт

Буфон замина во пензија: „Тоа е сѐ, народе“

Буфон замина во пензија: „Тоа е сѐ, народе“

Според многумина најдобриот голман на сите времиња Џанлуиџи Буфон на 45 години објави крај на својата богата кариера.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е сѐ народе. Ви дадов сѐ, вие ми дадовте сѐ, го направивме тоа заедно“, објави Буфон.

Последните две сезони бранеше во матичниот клуб Парма, а претходно 18 години беше голман на Јувентус.

Тој замина во Торино од Парма во 2001 година за тогашни 52 милиони евра, што ако се земе предвид инфлацијата, сепак е најскапиот трансфер на еден голман.

За репрезентацијата на Италија бранеше 176 пати и го освои Светското првенство во 2006 година. Нему му недостига само трофеј во Лигата на шампионите, иако дури трипати играше финале со клубот од Торино. Со Парма го освои Купот на УЕФА во 1999 година.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина