Утрински Весник
Македонија

Владина делегација по повод Денот на Републиката – Илинден, положи цвеќе и во Смилево

Владина делегација по повод Денот на Републиката – Илинден, положи цвеќе и во Смилево

Со положување цвеќе на могилата на Даме Груев, на Споменикот на Смилевските илинденци и на спомен плочата на смилевскиот партизански одред, во демирхисарското село Смилево, владина делегација во состав на заменик министерот за финансии Филип Николовски и националниоот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, оддаде почит на Смилевските Илинденци и партизани чија пожртвувана борба е вткаена во темелите на нашата државност.

dobivaj vesti na viber

Највисоките државни почести се одраз на сеќавањето на Смилевскиот конгрес, на кој била донесена конечната одлука за организирање и кревање на сенародно востание на целата територија на тогашна Македонија.

Со положувањето цвеќе на трите спомен обележја во Смилево, посета на меморијалниот музеј на Смилевскиот конгрес и пригодна културно уметничка програма, граѓаните и државниот врв денеска под мото „120 години Илинден – Огниште на татковината“, го слават големиот државен празник – Денот на Републиката 2 Август и Илинден.

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

ВЛЕН: Албанската култура се издига над измамите и злоупотребите на ДУИ!

Видео од нова тепачка во центарот на Струмица