Утрински Весник
Македонија

Тешка сообраќајка во Скопје: шест лица однесени во болница

Тешка сообраќајка во Скопје: шест лица однесени во болница

Синоќа на крстосницата од бул.„Св.Климент Охридски“, ул.„Димитрие Чуповски“ и бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес ц200“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.А.(52) од с.Никуштак, кумановско и патничко возило „мерцедес“ управувано од Г.П.(47) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото со кумановски регистарски ознаки, Џ.А.(52) од с.Никуштак, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште тројца сопатници, исто така, од возилото со кумановски регистарски ознаки, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и во приватна медицинска установа. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Срушен јарболот со македонското знаме во Скопје

Уапсени двајца мигранти од Авганистан, краделе по Гевгелија

ДОМ: Идентификувањето на виновниците во Гостивар не смее да го амнестира системот кој ја дозволи катастрофата