Утрински Весник
Спорт

Верати е пред трансфер во Ал Хилал

Верати е пред трансфер во Ал Хилал

Се поизвесно е дека Марко Верати (30) ќе го засили Ал Хилал. Фудбалерот на Пари Сен Жермен се согласил на трансфер и веќе се договорил со клубот од Саудиска Арабија под кои услови би го направил тоа.

dobivaj vesti na viber

Трансферот ќе се реализира кога клубовите ќе постигнат договор. Според медиумите, ПСЖ за Верати бара 30.000.000 евра.

Верати е во Париз од 2012 година, а последниот договор што го потпиша истекува во 2026 година.

Во овој момент Ал-Хилал веќе има квалитетен среден ред, откако ги доведе Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Рубен Невеш, а со доаѓањето на Верати клубот би комплетирал моќно трио на средината на теренот.

Потсетуваме, челниците на клубот го ангажираа Бразилецот Малком и централниот дефанзивец Калида Кулибали.

Можете да прочитате

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ

Форбс ја објави листата на најбогатите фудбалски ѕвезди – Роналдо убедливо на врвот