По поразот од Хуракан, хулиганите на Велез Сарсфилд ги нападнаа играчите и им се заканија дека ќе им пукаат во нозете.
Хулиганите на аргентинскиот Велез Сарсфилд му го распипаа прошталниот натпревар на легендарниот дефанзивец, Диего Годин.
Револтирани од поразот против Хуракан (0:1), тие ги чекале фудбалерите да се вратат во тренинг-центарот.
„Пристигнавме на стадионот да си ги земеме автомобилите и да си одиме дома. Беше темно кога дојдоа автомобилите на Бар Брава (навивачката група на Велез). Беа пет- шестмина“, изјави напаѓачот на Велез, Џанлука Престиани за И-ес-пи-ен.
„Двапати ме удрија по лицето. Бев премногу исплашен, а моите соиграчи не сакаа да си одат дома од страв дека некој нема да ги следи. На еден од нив му рекоа: „Излези од автомобилот или ќе ти пукаме двапати во нозете“.
Закани добил и Леонардо Хара, поранешниот дефанзивец на Бока Јуниорс.
-„Застана со автомобил пред мене, сакаа да излезам од мојот автомобил и рекоа дека ќе ми пукаат во нозете“, изјави Хара за локалното радио.
Локалните медиуми јавуваат дека играчите одлучиле да не поднесат пријави во полиција, но добиле покана да дадат изјави кои ќе помогнат во истрагата. Тренерот Себастијан Мендез го информира раководството дека тимот нема да се врати на тренинзите додека не им биде гарантирана безбедноста на играчите.
Велез со само пет победи во 27 натпревари, по поразот во последното коло од аргентинската лига се наоѓа на 25. место на табелата од 28 клубови.
Но само последниот испаѓа од лигата.