Жозе Мурињо во Рома го доби посакуваното засилување. Во Рим на едногодишна позајмица доаѓа Португалецот, Ренато Санчез.
Според „Газета дело спорт“, Рома и ПСЖ се договориле за позајмица со задолжителен откуп на договорот следното лето.
Мурињо инсистираше на овој трансфер, бидејќи Санчез не се снајде најдобро во Париз и даде согласност да се пресели во Рим.
Точно е дека одигра 27 натпревари, но на сите тие натпревари во игра влегуваше како резерва. На крајот едвај собра 900 минути на теренот.
Рома летово ги доведе Еван Ндика од Ајнтрахт Франкфурт и Хусен Ауар од Лион како слободни играчи.