Утрински Весник
Македонија

Нов предупредувачки протест во МИА со поддршка на ССНМ

Нов предупредувачки протест во МИА со поддршка на ССНМ

Вработените во Медиумска информативна агенција и денеска за време на паузата четврти пат излегоа на предупредувачки протест пред просториите на Агенцијата и ги повторија барањата од кои најалармантно е тоа за зголемување на платите за 30 проценти.

dobivaj vesti na viber

Аргументацијата на вработените е дека просечната плата во МИА е далеку од просечната плата во државата, а таа во моментов изнесува 36.465 денари.

Од Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници информираат дека безрезервно од самиот почеток стојат зад барањата на вработените во МИА и сметаат дека истите се легитимни, а со оглед на најавата за седница на Владата денеска, и ветувањето дека ова барање може позитивно да се реши, оценуваат дека е идеално време за затворање на ова прашање.

„Потсетуваме, МИА е мултимедијален медиум кој продуцира вести на три јазика, ја има најголемата дописничка мрежа и известува за сите настани во Македонија, но и за случувањата во светот. Агенцијата има соработка како со регионалните, така и со светските медиуми со што нејзината улога е од огромно значење за целата земја и особено за медиумската сцена“, се истакнува во соопштението.

Можете да прочитате

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

МВР со засилени контроли во 66 угостителски објекти и казина – приведени лица, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа

Платформа 12:05: СДСМ губи, Филипче слави – раководството веднаш да си замине од „Бихаќка“