Маж е спасен во кинеската провинција Хебеј од автомобил кој го однел порој. Пожарникарите со помош на хеликоптер успеале да го извлечат од уништениот автомобил.
Целата спасувачка операција ја сними кинеската државна телевизија, а на видеото се гледа како маж се бори со надојдената вода, која го превртува автомобилот.
Мажот бил во својот автомобил, кој се движел во градот Вуан во Хебеј. Сцените од државните медиуми покажаа дека автомобилот подоцна застанал и дека пожарникарите го спасуваат човекот.
Доксури е една од најсилните бури што ја погоди Кина во последниве години и предизвика огромни поплави во јужната провинција Фуџијан за време на викендот, принудувајќи стотици илјади луѓе да ги напуштат своите домови.
Најмалку две лица ги загубија животите во Пекинг, додека Кина се бори со едно од најтешките бури што ја погоди земјата во последните години, јавува Би-Би-Си.
Бурата Доксури предизвика поплави во сите правци и доведе до хаос во северна Кина.
Во главниот град Пекинг, најмалку 31.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, додека станиците на метрото беа затворени.
Во градот е прогласен црвен метео аларм, а на компаниите им е наредено да им дозволат на вработените да работат од дома, додека се очекува да се зголеми бројот на оние кои ќе ги загубат животите поради невремето.
Количината на дожд што падна во Пекинг и другите градови на северот на Кина веќе достигна опасно високо ниво, а врнежите се очекуваат уште најмалку 24 часа.