Утрински Весник
Македонија

Се огласи бугарскиот понудувач Стојанов: Сакавме да го спасиме Вардар но раководството се однесува недолично

Се огласи бугарскиот понудувач Стојанов: Сакавме да го спасиме Вардар но раководството се однесува недолично

Откако скопските Комити и ФК Вардар се огласија за продажбата најтрофејниот клуб во Макаедонија и понудата која ја добиле од бугарската фондација „Македонија“ и на истата одговорија дека Вардар не е на продажбаи дека не постои простор за дискусија со луѓе кои што не го признаваат македонскиот идентитет, се огласи и бугарскиот понудувач, Виктор Стојанов од фондацијата „Македонија“.

dobivaj vesti na viber

„Потврдувам дека имавме првичен разговор со секретарот на ФК Вардар – Миле. Муабетот беше дека доаѓаме со 300.000 евра – да го покриеме нивниот годишен буџет за претстојната сезона и да обезбедиме 500.000 евра за следната сезона. Тимот покажа интерес и имавме договор за средба во Скопје, но пред извесно време клубот објави соопштение дека ни ги расипува договорите и претставува клевета кон мене и фондацијата „Македонија““, пишува Стојанов.

„Мислам дека нема сериозна компанија или бизнисмен кој би сакал да го однесе во Вардар доколку раководството на клубот се однесува вака недолично. Сакавме да го спасиме Вардар, но очигледно тимот ќе ја преживее оваа и следната сезона. Жал ми е за раководството на тимот за начинот на кој се обидуваат да се промовираат, и се однесуваат недолично“, вели Стојанов од фондацијата „Македонија“.

Можете да прочитате

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ

Переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца: Кривична за сопружници од Штип, нивната ќерка и за уште едно лице