Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

(Видео) Кузеска: Растат платите и пензиите

(Видео) Кузеска: Растат платите и пензиите
Img 7972

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, останува посветена на унапредување на економскиот стандард на сите граѓани, истакна на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

dobivaj vesti na viber

Таа вели дека со новиот Општ колективен договор, околу 130.000 вработени во јавниот сектор од септември оваа година ќе добиваат плати зголемени за 10 отсто.

Покрај ова, како што наведе, до крајот на годината ќе им се исплати и регрес за годишен одмор во висина од 10.000 денари.

„Со Општиот колективен договор, потпишан по цели 15 години се обезбедува и нова методологија за постојан раст на платите во јавниот сектор, што повеќе никогаш нема да зависи од нечија полиитчка волја. Истовремено, постигнат е договор и со вработените во Управата за јавни приходи. Веќе со јулската плата, 900 лица вработени во Управата ќе добијат зголемени плати за 30 отсто. Овие зголемувања ќе влијаат и на растот на просечната плата која што сега е на ниво од над 36.00 денари“, рече Кузеска.

Портпаролката потсети дека во септември, во согласност со законот, следува ново зголемување на пензиите, кое е проектирано на околу шест отсто.

Со септемвриската пензија, рече Кузеска, 330.000 пензионери ќе имаат повисоки месечни примања.

Таа заклучи дека ова е уште една потврда за успешноста на економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ – инфлацијата се намалува, а платите и пензиите растат.

Можете да прочитате

Трендафилов: Минималната плата мора веднаш да се зголеми

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут