Утрински Весник
Свет

Жена се породи на планина – неверојатен случај во Националниот парк Пакленица

Жена се породи на планина – неверојатен случај во Националниот парк Пакленица

Хрватската планинска спасувачка служба во саботата и помогна на жена да се породи во објект во Националниот парк Пакленица.

dobivaj vesti na viber

„Денеска во 14 часот и 51 минути, нашите дежурни спасувачи добија пријава за породување во објектот Лугарница во Националниот парк Пакленица. Пред пристигнувањето на тимот на Хрватската планинска спасувачка служба младата странска државјанка со помош на работници од Националниот парк родила девојче“ се наведува во соопштението.

Мајката и новороденчето безбедно се префрлени и предадени на екипата на Итната помош. Комуникацијата за време на породувањето била отежната поради прекините со мобилниот сигнал.

Можете да прочитате

Врховната рада го избра Сергиј Корецки за нов премиер на Украина

Северна Кореја и Кина најавија продлабочување на соработката поради глобалните тензии

Пентагон воведува тестирање за тестостерон како дел од годишните здравствени прегледи