Утрински Весник
Македонија

Под контрола е ставен пожарот во Гоцевата шума во близина на Неготино

Под контрола е ставен пожарот во Гоцевата шума во близина на Неготино

Ставен е под контрола пожарот во Гоцевата шума во близина на Неготино што се разгоре попладнево.

dobivaj vesti na viber

Во гасењето на пожарот учествуваат пожарникари од Неготино и Кавадарци, а на помош беше испратен и авионот на Дирекцијата за спасување кој интервенираше со едно истурање.

Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов, вели дека немало потреба од второ дејство на авионот на ДЗС, па хеликоптер на МВР со ведро од 1 тон во два наврати прецизно дејствувал врз пожарот и огнот е ставен под контрола.

„Се очекува и третиот налет на хеликоптерот на МВР после што ќе се повлече во неговата база“, вели Ангелов.

Можете да прочитате

СДСМ: Одлуката на САД за визите е порака, стануваме земја од „третиот свет”

Ладен бран кај нас: За Водици појава на мраз, на 21 јануари снег

Во АРМ ќе бидат примени нови 300 професионални војници