Утрински Весник
Македонија

Бугарските навивачи самоволно се изводиле од рутата пред да завршат во Чаир, велат од МВР

Бугарин дојден на натпревар е прободен со нож во Чаир, во тешка состојба е пренесен во болница

Двете возила со бугарски навивачи во четвртокот самоволно се издвоиле од рутата обезбедена од полицијата, велат од Министерството за внатрешни работи за инцидентот кога бугарски навивач беше прободен кај „Чаирчанка“ пред фудбалскиот натпревар ФК „Шкупи“- ФК „Левски“.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од полицијата, на 27 јули околу 18.30 часот на улицата Цветан Димов, додека навивачите на ФК Левски се движеле со возила „хонда“ и „фолксваген пасат“ со развиорени навивачки знамиња и други навивачки реквизити, дошло до вербална расправија, по што тие излегле од возилата и настанала физичка пресметка, а еден од навивачите на ФК Левски откако се вратил во автомобилот, во движење бил избоден со нож.

Напаѓачот кој го избоде бугарскиот навивач е идентификуван и по него се трага, додека во текот на вчерашниот ден приведени беа А.Џ. (30), Н.С.(28), Б.Б.(32) и К.И.(28). За нив попладнево Обвинителството определи мерки на претпазливост:  обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патните исправи, како и забрана за посетување на определено место – спортски натпревари.

Пријател на избодениот Бугарин во Скопје за бугарската телевизија „Нова“ вчера рече дека македонската полиција намерно ги навела да завршат во „опасната населба Чаир“,

„Околу 18 часот бевме на влезот во Скопје. Сите бугарски автомобили беа детаљно проверени дали има оружје. Излезе кордон да нѐ придружува, но на автопатот тој се разиде и не бевме добро чувани. Пред една кривина возачот на вториот автомобил светна со светлото и застанавме. Ме праша: „Знаеш ли каде одиме?, реков: „Да, по трасата што ни ја даде ‘Левски’“. До нас застана полиција и ги прашавме: „Десно?“, а тие рекоа: „Да, продолжи, продолжи“. Ова испадна патот до излезот во Чаир“, изјави пријателот на избодениот Бугарин.

Тој тврди дека македонската полиција многу добро видела колку бугарски автомобили скршнале и завршиле во Чаир.

Избодениот Бугарин е вон животна опаснот и се’ уште се наоѓа во болница.

 

Можете да прочитате

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките