Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

(Видео) Грчкиот селектор во солзи: Моја грешка го реши финалето, извинете

(Видео) Грчкиот селектор во солзи: Моја грешка го реши финалето, извинете
300x250 opst2

Грчката ватерполо репрезентација дожиева пораз од Унгарија во финалето на Светското првенство и со тоа ја пропушти совршената можност за првпат да ја земе титулата.

dobivaj vesti na viber

Ова е прво сребро за Грците на Мундијалите по три бронзи (2005, 2015, 2022).

Одговорноста за поразот, кој дојде по 10:10 во регуларниот дел и седум серии пенали, ја презеде тренерот Тодорис Влахос.

Тој се обвинува себеси за потегот кога резултатот беше 10:10 на 36 секунди до крајот кога Грците тргнаа на контра, но тој повика тајм-аут за да ја подготви последната акцијата.

Во продолжение Грците не успеаја да организираат напад за победа.

Грчкиот селектор по мечот пред камерите на националната телевизија призна дека направил голема грешка кога побарал тајм-аут, знаејќи дека го прекинал евентуалниот победнички напад на својот тим.

„Ја направив најголемата грешка во животот, која го реши финалето. Имавме ситуација два на еден да ја погодиме мрежата, а јас побарав тајм-аут… Тоа е најголемата грешка што сум ја направив, во таков важен момент за репрезентацијата. Им се извинувам на моите играчи и на целиот свет“, изјави Влахос видно вознемирен, емотивен, со солзи во очите.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица