Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Рекордно висока температура е измерена на северот на Атлантскиот Океан

„Оддалечете се од брегот и стигнете до повисоките места“ – силен земјотрес во Тихиот Океан, се очекува цунами
Img 7972

Водите во северниот дел на Атлантскиот Океан достигнаа рекордна дневна температура во средата, покажуваат првите податоци објавени од американската Национална управа за океани и атмосфера (НОАА), чии мерења започнаа на почетокот на 1980-тите.

dobivaj vesti na viber

„Нашата анализа покажува дека 26 јули беше највисоката просечна температура на површинските води во Северниот Атлантик, 24,9 степени Целзиусови“, изјави за „АФП“, Џунганг Јин, научник од Националниот центар за информации за животната средина во управата.

Овој рекорд е особено изненадувачки бидејќи се случува сега, а не на почетокот на септември, кога Северниот Атлантик е вообичаено најтопол.

Претходниот рекорд измерен на почетокот на септември 2022 година беше 24,89 степени Целзиусови, нешто понизок од оваа година, рече Ксунганг Јин.

Се очекува температурата на површината на Северен Атлантик да продолжи да расте во август, предупреди тој.

Северниот Атлантик стана симболична точка на набљудување на прекумерното затоплување на океаните на планетата под влијание на климатските промени предизвикани од стакленички гасови.

Можете да прочитате

Трамп одлучи: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО, дел ќе завршат во Украина

Трамп: Грета Тунберг има проблем со гневот – треба да посети лекар

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ