Утрински Весник
Свет

Во Индонезија e откриен нов тип на коронавирус: „Тој е најекстремен досега, може да бидете болни со месеци“

Во Индонезија e откриен нов тип на коронавирус: „Тој е најекстремен досега, може да бидете болни со месеци“

Третманот на пациент во Индонезија ги запрепасти научниците кои го открија сојот со најмногу мутации на коронавирусот досега. Овој вид има повеќе од 113 мутации, двојно повеќе од омикронот, пишува „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Научниците за сè уште неименуваниот вид велат дека е најекстремниот што некогаш го виделе, но немаат докази дека може да се прошири. Самото ширење, велат тие, нема да доведе до карантин.

Заразениот пациент не го преболува вирусот за неколку недели, туку страда од продолжена инфекција неколку месеци.

Инфекции како оваа се јавуваат кај пациенти со компромитиран имунолошки систем, како што се оние со Сида или оние кои се подложени на хемотерапија за рак.

„Како што вирусот се шири и продолжува да мутира, тоа неминовно ќе резултира со сериозни инфекции кај најчувствителните, а исто така ќе го зголеми бројот на оние кои го трпат товарот на долгорочните последици од инфекцијата“, изјави вирологот Лоренс Јанг.

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп