Утрински Весник
Свет

Кинез 10 часа пливал до Тајван во потрага по слобода: се предал откако го искасала пчела

Кинез 10 часа пливал до Тајван во потрага по слобода: се предал откако го искасала пчела

Маж од Кина, пливал речиси 10 часа од кинеската провинција Фуџијан до островот Мацу во Тајван во обид да ја побара својата слобода.

dobivaj vesti na viber

Кинескиот државјанин, кој има околу 40-тина години, подоцна побарал помош од турист откако го искасала пчела.

Туристите ги известиле локалните власти, кои пристигнале на местото на настанот и го идентификувале мажот како кинески имигрант, пишува „Индипендент“.

Кинезот е пренесен во болница, но неговите повреди не се сериозни.

Според официјални лица, Кинезот со себе имал храна, облека и лекови. На властите им рекол дека тргнал на пат од кинеска провинција до островот Тајван во потрага по слобода.

Растојанието помеѓу овие две места е околу 12 километри. Главниот остров Тајван се наоѓа на повеќе од 200 километри од кинескиот брег.

Тој е приведен на распит во полиција.

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп