Утрински Весник
Македонија

Гужви на Табановце: се чека околу еден час

На „Табановце“ и „Богородица“ за излез од државата се чека околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

– петок од 17:00 – 22:00 часот,

– сабота од 09:00 до 18:00 часот и

– недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

– петок од 15:00 – 22:00 часот,

– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и

– недела од 07:00 до 22:00 часот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Мицкоски најавува над 200 милиони евра инвестиции во македонското здравство

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања

Утре не излегувајте без потреба: Температурата ќе надмине 40 степени