Утрински Весник
Свет

Уапсени две лица од Албанија за пожарот на островот Чиово во Хрватска, вршеле градежни работи на куќа

Уапсени две лица од Албанија за пожарот на островот Чиово во Хрватска, вршеле градежни работи на куќа

Хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, потврди дека денеска се уапсени две лица под сомнение дека имаат врска со пожарот на островот Чиово.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека станува збор за странци што остануваат на работа во Хрватска, но не сакаше да ги прејудицира резултатите од истрагата.

Според сплитска „Слободна Далмација“, уапсени се двајца албански државјани што имаат работна дозвола и легално се во Хрватска, а изведувале градежни работи на куќа.

Тие се приведени во полициска станица, каде што против нив се води кривична истрага.

Весникот пишува дека досегашната истрага утврдила дека пожарот избувнал во близина на куќата во која работеле, а причината за пожарот ќе ја утврди натамошната истрага.

Големиот пожар на хрватскиот остров Чиово сѐ уште не е ставен под контрола, но пожарникарите успеале да го опколат и да го свртат кон морето, спроти куќите.

Можете да прочитате

Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција: Срушени се 16 згради, се пребаруваат урнатините

Маж спасен од под урнатините по земјотресот во Турција (ВИДЕО)

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би донело катастрофа