Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Детали од обвинителството: Бугарските навивачи излегле од автомобилите во Чаир и почнала пресметка, избодениот Бугарин е опериран

Бугарин дојден на натпревар е прободен со нож во Чаир, во тешка состојба е пренесен во болница
Img 7972

Обвинителството излезе со детали за насилството по повод фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалскиот клуб „Левски” од Софија и „Шкендија“, кога еден бугарски навивач беше избоден со нож.

dobivaj vesti na viber

Од тука велат дека издадени се сите наредби за идентификација на лицата кои учествувале во инцидентот.

Според првичните сознанија, до настанот дошло додека навивачи на ФК „Левски” со две возила со бугарски регистарски ознаки се движеле во близина на трговскиот центар „Чаирчанка”, каде влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани.

Бугарските навивачи ги запреле возилата и излегле од нив, по што вербалната расправија преминала во физичка пресметка со група граѓани кои излегле од околните објекти. При враќање во автомобилот, 29-годишен бугарски државјанин бил повреден со остар предмет во абдоменот. Кај него е констатирана тешка телесна повреда и е хоспитализиран. По извршена хируршка интервенција, тој е во стабилна состојба.

Со цел утврдување на идентитетот на граѓаните кои учествувале во настанот и кои според првичните сознанија не биле дел од локална навивачка група, како и целосно расчистување на настанот, подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Освен тоа, обезбедени се видео записи од околните објекти и од камерите на системот “Безбеден град”, а се преземаат и други дејствија.

Што се однесува до останатите инциденти поврзани со навивачи на ФК Левски во текот на вчерашниот ден, обвинителството е известено дека се процесуирани прекршoчно.

Можете да прочитате

Поведена истрага во Виница за тешка телесна повреда на едно лице

ДУИ: Остро го осудуваме овој варварски чин на насилство

Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани