Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Македонија и Црна Гора ја прошируваат соработката и во областа на дигиталната технологија и сајбер безбедноста

Македонија и Црна Гора ја прошируваат соработката и во областа на дигиталната технологија и сајбер безбедноста
Img 7972

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу заедно со министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање во областа на дигитализацијата и сајбер безбедностa.

dobivaj vesti na viber

“Имав задоволство да го пречекам мојот колега, министерот за јавна администрација на Црна Гора, г-дин Мараш Дукај. Со цел конкретизирање на одличните односи меѓу нашите две земји, денеска го потпишуваме Меморандумот за разбирање за унапредување на развојните политики и претприемништвото во областа на дигиталната технологија и сајбер безбедноста. Зајакнувањето на сајбер безбедноста, особено во овој период кога технологијата станува сѐ пософистицирана, претставува секојдневен предизвик, кој секогаш бара внимание, посветеност и соработка. Дигитализацијата, заштитата на нашите системи, размената на информации, размената на знаењата, човечкиот капацитет, кој е еден од најважните вредности за секторот на сајбер безбедност, е во фокусот на овој Меморандум“, рече министерот Алиу.

Министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, од своја страна исто така изрази особено задоволство од денешното потпишување на Меморандумот:

„Сајбер безбедноста станува сѐ поважна во нашите општества, сите земји од регионот се соочуваат со повеќе закани, затоа е неопходна регионална и меѓународна соработка за ефикасна борба против овие закани и за заштита на општеството, економијата и нашата инфраструктура“, истакна министерот Дукај.

Дополнително, на билатерална средба се говореше и за системот за онлајн плаќање Пејпал (PayPal). Министерот Алиу изјави дека двете земји заеднички ќе аплицираат за да бидат дел од овој систем за онлајн плаќање.

„Друг голем исчекор е тоа што Северна Македонија и Црна Гора заеднички ќе аплицираат за да бидат дел од системот за онлајн плаќање Пејпал (PayPal), на предлог на самата компанија. Северна Македонија и Црна Гора наскоро ќе бидат дел од PayPal“, рече министерот Алиу.

Можете да прочитате

Уште 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции се пристигнати во ФЗО

Приведен косовски државјанин, на граничен премин се легитимирал со фалсификувана полициска легитимација

СДСМ: Половина од министрите на Мицкоски имаат бугарски пасоши и таму водат фирми