Утрински Весник
Спорт

Панчев за Црвена звезда: Дали тоа беше торнадо?

Панчев за Црвена звезда: Дали тоа беше торнадо?

Поранешниот играч на Црвена звезда, Дарко Панчев, по натпреварот меѓу црвено-белите и Фиорентина изјави дека не знае дали торнадото поминало низ Белград.

dobivaj vesti na viber

Фудбалерите на Црвена звезда синоќа убедливо ја совладаа италијанска Фиорентина со 5:0 (5:0) во пријателски натпревар, кој послужи како генерална проба за српскиот шампион пред почетокот на новата сезона.

„Не знам дали низ Белград од 20 до 20 часот и 30 минути поминало торнадо, она што веќе неколку дена беснее на Балканот, или тоа е Звезда, тоа ме интересира. Повторно, се прават споредби со нашата генерација од 1991 година. Од една страна тоа е добро, затоа што значи дека тимот вреди, но не треба никого да споредувате со никого, овие момци покажаа дека се одлични на свој начин, во хармонија со ова време“, изјави Панчев за „Блиц“.

Тој додава дека за српскиот фудбал е многу важно што Црвена звезда е директен учесник во Лигата на шампионите.

„Го гледав натпреварот против Фиорентина, навистина изгледа добро. За сето ова време додека Звезда доминира и освојува титули, таа секогаш напредува и се подобрува. Голема работа е што Звезда е директен учесник во Лигата на шампионите. не само за клубот и српскиот фудбал, туку и за фудбалот во регионот, и за нас во Македонија. И овде има навивачи на Звезда како што знаете. Терзиќ одлично си ја работи работата, истото го прават и неговите соработници. се гледа, тоа се одразува и на теренот, но и на резултатите. Ќе уживаме во новата сезона“, заврши Панчев.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари