Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Шкупи посакува триумф против Левски во Конференциската лига

Шкупи посакува триумф против Левски во Конференциската лига
Img 7972

Македонскиот претставник Шкупи вечерва (21 часот) го пречекува бугарскиот тим Левски во првиот дуел од второто квалификациско коло во Конференциската лига. Тренерот Чихат Арслан најави дека тимот е подготвен за надигрување, а ќе се обиде да обезбеди предност пред реваншот во Софија за седум дена.

dobivaj vesti na viber

„Нѐ очекува тежок натпревар со квалитетен тим. Го респектираме Левски, ги анализиравме добро и знаеме од каде доаѓа опасноста. Секако, увидовме и одредени слабости и ќе се обидеме да ги искористиме. Во секој случај, ова е еден сосема поинаков двомеч од дуелот против литванскиот Хегелман и ќе треба да бидеме на многу повисоко ниво. Се надевам дека ќе одиграме добро и секако дека посакуваме позитивен резултат пред реваншот во Бугарија. Ги повикувам фановите да им дадат поддршка на фудбалерите, ќе ни биде од големо значење“, вели тренерот на Шкупи.

Тимот на Левски исто размислува за триумф. Го најави тоа тренерот Николај Костов.

„Ние дојдовме да победиме. Верувам дека имаме квалитет за тоа“, истакна тренерот на Левски.

Натпреварот меѓу Шкупи и Левски е закажан за 21 часот, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица