Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Кевин Спејси се расплака на суд откако беше прогласен за невин за сексуални престапи врз четворица мажи

Кевин Спејси се расплака на суд откако беше прогласен за невин за сексуални престапи врз четворица мажи
300x250 opst2

Поротата во судот во Лондон го прогласи актерот Кевин Спејси за невин за сексуален напад.

dobivaj vesti na viber

Актерот низ солзи ја слушна пресудата што го ослободува од обвиненијата за сексуални деликти врз четворица мажи.

„Ви благодарам,“ ѝ кажа Спејси на поротата со видлива понизност, држејќи ја дланката на градите.

На 64-годишниот оскаровец му се судеше за сексуални напади врз четворица мажи, кои наводно се случиле од 2004 до 2013.

Поротта на лононскиот суд го ослободи од сите девет обвиненија, вклучително и сексуален напад, поттикнување на лице на сексуална активност без согласност и поттикнување лице на пенетративна сексуална активност, пренесуваат британските медиуми.

Сите четворица мажи кои го тужеа, според законот, имаат право на доживотна анонимност.

Двократниот добитник на „Оскар“ неодамна се изјасни за невин пред лондонскиот суд во Саутворк по 12 точки од обвинението за сексуални престапи против четворица мажи меѓу 2001 и 2013 година. Тие обвиненија претходно беа отфрлени.

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време