Утрински Весник
Свет

Шојгу пристигна во Северна Кореја, му го предаде писмото на Путин на Ким Џонг-ун

Шојгу пристигна во Северна Кореја, му го предаде писмото на Путин на Ким Џонг-ун

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се сретна со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и двете страни потврдија дека ќе продолжат да ги зајакнуваат врските, објави државната КЦНА.

dobivaj vesti na viber

Според извештајот, Шојгу му предал на Ким писмо од рускиот претседател Владимир Путин. Ким му се заблагодари на Путин за испраќањето воена делегација предводена од Шојгу, додавајќи дека средбата ги продлабочува стратешките и традиционалните односи меѓу Северна Кореја и Русија.

Руската и кинеската делегација, во која беше Ли Хонгџонгас, член на Политбирото на кинеската комунистичка партија, пристигна во Северна Кореја оваа недела за да ја одбележи 70-годишнината од крајот на Корејската војна, која во Северна Кореја се слави како „Денот на победата“.

Шојгу ја пофали севернокорејската армија како најмоќна во светот, објави „Јонхап“.

Можете да прочитате

Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

УНРВА: Во северниот дел на Појасот Газа нема вода, храна и лекови

„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина