Утрински Весник
Магазин

„Ворнер Брос“ ја брани мапата поради која „Барби“ е забранет во Виетнам: тоа e детски цртеж со боички

„Ворнер Брос“ ја брани мапата поради која „Барби“ е забранет во Виетнам: тоа e детски цртеж со боички

Филмот на „Ворнер Брос“ е најнов западен културен извозен производ кој ја иритира Кина и нејзините соседи.

dobivaj vesti na viber

Љубителите на филмови во потрага по летен ескепизам, или бегство од реалноста, можеби мислат дека долгоочекуваниот блокбастер „Барби“ ќе биде безбедно засолниште од вртоглавата сложеност на меѓународната политика.

Не е така: филмот е забранет во Виетнам поради сцена која има мапа на Јужното Кинеско Море кое Пекинг го смета за свое – стратешки важно водно тело за кое жестоко се борат Народна Република Кина и бројни нејзини соседи, од кои повеќето имаат блиски врски со САД.

„Ворнер Брос“ го брани својот филм, објаснувајќи дека мапата не е ништо повеќе од детски цртеж со боички и, секако не е било каква политичка изјава.

Ворнер Брос смета дека контроверзната мапа прикажана во филмот за Барби е безопасна и дека не отсликува никаков политички став во однос на спорното Јужно Кинеско Море.

„Барби“ требаше да се појави во виетнамските кина истиот ден како и во американските, 21 јули.

Но, во пресрет на премиерното прикажување, Министерството за култура, спорт и туризам објави дека ја одзема лиценцата за прикажување на филмот. Виетнамските весници објавија дека дигиталните постери за филмот биле повлечени од веб-страниците на локалните дистрибутери.

„Не даваме лиценца за прикажување на американскиот филм „Барби“ во Виетнам затоа што содржи навредлива слика на линија со девет цртички,“ Ви Киен Тан, шеф на Одделот за кино во министерството, изјави за државниот весник „Туои Тре“.

Одделот за кино е владино тело задолжено за лиценцирање и цензурирање на странски филмови.

Инаку, линијата со девет цртички во форма на буквата У се користи на кинеските мапи за да ги илустрира своите тврдења за големите области на Јужното Кинеско Море, вклучително и делови од она што Виетнам го смета за свој континентален гребен.

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста