Утрински Весник
Македонија

Сончево и многу топло, кон крајот на денот со услови за дожд, грмежи и град: од четврток заладување

Сончево и многу топло, кон крајот на денот со услови за дожд, грмежи и град: од четврток заладување

Времето денеска, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/час).

dobivaj vesti na viber

Кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, повремено силен северен ветер и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 42 степена. UV=9

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во четврток ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени, ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд. Потоа времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Можете да прочитате

За првпат државата го проби рокот за исплата од „МојДДВ“, дел од скенирачите на сметки останаа без пари

Сообраќајно недоразбирање завршило со убодна рана во Тетово

Поради обилни врнежи од дожд повторно надојде Калковска Река, сообраќајот е пренасочен