Утрински Весник
Свет

Уште една пеколна ноќ на Родос: Црн густ чад го прекри островот

По гаснењето на пожарот на Родос ќе започне истрага за одговорноста на властите

На Родос се очекува уште една кошмарна ноќ, а борбата на пожарникарите продолжува без престан.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти претходно противпожарната служба, пожарот се движи од Вати кон Генади, и според последните информации на локалните медиуми густ црн облак од чад го прекрил грчкиот остров.

266 пожарникари со 16 единици и 55 возила се обидуваат да го изгаснат пожарот, заедно со голем број волонтери и сите агенции за Цивилна заштита.

„Се бориме да го спречиме пожарот да стигне до Генади“, изјави за „Прототема“ волонтер кој сакаше да остане анонимен и кој учествува во гаснењето на пожарот.

Во областа дува силен ветер, што дополнително ја отежнува работата на копнените сили, бидејќи се создаваат нови пожари, со ширење на огнот.

Според сателитски снимки од вселенската програма на ЕУ Коперник, обемот на штетата од шумскиот пожар во Родос е огромен, со уништени повеќе од 140.000 хектари.

Можете да прочитате

Норвешки гинеколог скоро 20 години силувал пациентки

Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам

Повеќе од половина од самовработените во ЕУ работат и по пензионирање