Утрински Весник
Економија

Бектеши ја образложил пред Владата информацијата за постапките околу концесиите на локалитетот „Иловица“

Бектеши ја образложил пред Владата  информацијата  за постапките околу концесиите на локалитетот „Иловица“

Владата на денешната седница ја разгледа информацијата со хронологија за постапките за доделување на концесиите за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово и општина Ново Село на Друштвото за производство, промет и услуги „Еуромакс Ресоурцес“ ДОО Скопје, со прилози, поднесена од Министертсвото за економија.

dobivaj vesti na viber

Како што е појаснето во владиното соопштение, информацијата, којашто беше и образложена на седницата, е согласно извадокот од Нацрт записникот од 171-та седница на Владата, одржана на 18 јули 2023 година, во врска со управните и судски постапки, заклучоци и информации, поврзани со експлоатацијата на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот „Иловица“ општина Босилово.

Повеќе информации во врска со оваа точка на дневниот ред на владината седница, од интерес на јавноста, како што е веќе најавено, ќе бидат соопштени утре на прес конференција.

Можете да прочитате

Нема промена на цените на горивата, поскапува само маузтот

Стратешки енергетски проекти за посигурна иднина: Интерконекторите ја отвораат Македонија кон нови пазари

Бакарот е во фокусот на 19 стратешки проекти на ЕУ – Македонија сè уште не го користи целосно својот потенцијал