Утрински Весник
Македонија

Уставните измени поминаа на Комисијата за уставни прашања

СДСМ: Време е за глас за Европа во Собранието

Предлогот за уставни измени денеска помина на собраниската Комисија за уставни прашања.

dobivaj vesti na viber

„За“ гласаа 10 пратеници, а „против“ беа 7.

Премиерот Димитар Ковачевски од Собранието им укажа на граѓаните да не се плашат од измената на Уставот и вметнување на Бугарите и другите народи во преамбулата. Тој рече дека уставните измени не се под никаква уцена, ниту диктат.

„Ние не треба да ја пропуштиме оваа шанса за Европа. Еднаш тоа се случи кога се одвоивме од Хрватска. А дали ќе се случи пак годинава, вие во парламентот ќе одлучите. Европските претставници предупредуваат дека постои ризик од одвојување на Северна Македонија и Албанија ако пред крајот на годината не се усвојат уставните измени. Тоа значи дека тие не се диктат, туку дел од преговарачката рамка со ЕУ“, рече Ковачевски.

Ковачевски ги убедуваше пратениците дека ЕУ не се меша во идентитетските прашања и дека ништо од уставните измени не задира во нив. Според премиерот, промената на Уставот носи само добрососедски односи.

Во својот говор се осврна и на европските фондови до кои пристап ќе има Македонија. Пратениците ги убедуваше да гласаат и да ги донесат измените бидејќи ќе се отворат големи фондови, кои ќе донесат просперитет за државата.

Уставните измени се однесуваат на додавање делови од народи во преамбулата и во членовите 49 и 78 од Уставот при набројувањето на деловите од народите во земјата. Односно, во формулацијата: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, по зборот бошњачки народ, се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египетскиот народ.

Пленарната седница на која ќе се гласа за измените е закажана за 18 август. За да поминат ќе биде потребно двотретинско мнозинство.

Можете да прочитате

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј