Утрински Весник
Култура

Со концерт на CAMERATA ACADEMICA завршува годинешното издание на Скопско лето

Со концерт на CAMERATA ACADEMICA завршува годинешното издание на Скопско лето

Во склоп на фестивалот Скопско лето остануваат уште 4 настани, кои граѓаните ќе може да ги посетат заклучно со 31 јули кога концертен ансамбл од Словенија гостува со свој концерт пред платото на Музејот на македонска борба со почеток од 20.30 часот.

dobivaj vesti na viber

Вечерва, со почеток од 20.30 часот, во Галеријата „Остен“ се отвора изложба на карикатуристи од Израел, со наслов „2 Kац“. Поводот за оваа изложба е 55 години јубилеј на Светската галерија на карикатурите „Остен“.

Концептот на изложбата „2 Kац“ е двогледност – две визии на иста тема, два израза на двајца уметници, еден постар и еден млад, татко и син. Нивните дела се претставени во тематски парови давајќи секојпат драматичен конфликт на целината. Посетителите може да се восхитуваат на делата преку „двогледни спектакли“.

Таткото Григори Кац и синот Илја се родени во Киргистан, соодветно во 1948 и 1972 година. Двајцата уметници живеат во Израел од 1992 година.

В петок, на 28 јули, во Сули ан ќе се одржи концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“. Диригентската палка ќе биде на Иван Еминовиќ, а како солист ќе настапи Марија Ташевска – сопран.

Овој концерт на МММ е во знак на одбележување на нивниот 60-годишен јубилеј, кој се поклопува со 60-годишнината од скопскиот земјотрес.

Последната изложба во рамките на фестивалот ќе се отвори в сабота на 28 јули во Сули ан. Изложбата на слики е на Јулија Петровска и е со наслов „Алиса во Апсурдистан“.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“