Утрински Весник
Македонија

Тројца македонски државјани побарале помош од амбасадатa во Атина: МНР со апел, туристите да ги избегнуваат загрозените подрачја

Тројца македонски државјани побарале помош од амбасадатa во Атина: МНР со апел, туристите да ги избегнуваат загрозените подрачја

Во врска со пожарите кои ја зафатија Грција, МНР информира дека заклучно со денешниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија ја контактирале нашата Амбасада во Атина. Истите, како што соопшти министерството, се наоѓаат на безбедно место, на грчкиот остров Родос.

dobivaj vesti na viber

„Дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во Грција, продолжуваат да бидат во постојана комуникација со надлежните институции на Грција.

Уште еднаш упатуваме апел да се избегнува туристичко или било какво друго патување во загрозените подрачја.

За повеќе информации, на располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410“, се потенцира во официјалното соопштение од МНР.

Можете да прочитате

УКРАДЕН ПИШТОЛ ОД БОЛНИЦАТА ВО ДЕБАР: Вработена им дала клуч на крадците

Административците со две последователни негативни оценки ќе останат без работа

ПУКАЊЕ ВО САРАЈ: Напаѓач отворил оган кон маж во автомобил, пронајдени четири чаури