Утрински Весник
Магазин

Отуѓената сопруга на Кевин Костнер се дружи со негов пријател на Хаваи среде спорниот развод

Отуѓената сопруга на Кевин Костнер се дружи со негов пријател на Хаваи среде спорниот развод

Отуѓената сопруга на Кевин Костнер, Кристин Баумгартнер, најде друштво со еден од неговите пријатели.

dobivaj vesti na viber

Поранешната дизајнерка на чанти (49) беше забележана на одмор на Хаваи со Џош Конор, финансиер од Калифорнија, кого „ТМЗ“ го идентификува како еден од блиските пријатели на ѕвездата од „Јелоустоун“.

Банкарот, наводно, е добар пријател со Кристин веќе некое време, бидејќи тој живее блиску до семејната куќа на Костнери во Карпинтерија, Калифорнија.

На фотографиите кои ги доби порталот, Кристин и Џош  се гледаат заедно на прошетка покрај океанот.

Таа на себе има долг виолетов фустан и бели сандали, а во раката држи голем бел шешир.

Се чини дека и двајцата се расположени, со насмевки на своите лица.

Некои таблиди шпекулираа дека Џош ја теши поранешната сопруга на холивудската ѕвезда, но анонимен извор тврди за „ТМЗ“ дека Кристин и Џош, кој исто така е разведен, немаат апсолутно никаква романтична врска.

„Тие се добри пријатели со години,“ рече инсајдерот.

Поранешната манекенка е на одмор со децата, со кои беше фотографирана викендов додека се забавувааат на плажа.

Во некои моменти правеше селфи со13-годишна ќерка Грејс. Таа ги има и синовите Кајден (16) и Хејс (14) од бракот со Костнер.

Во мај, Кристин поднесе барање за развод од холивудскиот актер по 18 години брак, а како причина ги наведе непомирливите разлики. Таа побара заедничко старателство над трите деца.

Изминатите неколку месеци се состоеа од неколку битки во судницата за финансиите на поранешната двојка, и покрај тоа што има предбрачен договор.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста